Поплави во Шпанија: Бројот на загинати се искачи на 140
Бројот на загинати во катастрофалните поплави во Шпанија денеска се искачи на најмалку 140 лица, од кои повеќето, повеќе од 100, во областа Валенсија, соопштија владини извори, пренесува агенцијата ЕФЕ. Претходно беше објавено дека во поплавите загинале најмалку 95 лица. Жртви има и во Кастилја-Ла Манча и Андалузија, објави Паис.