
Поплави во Прилеп, се излеа река
Регионалниот ЦУК Битола известува дека во врска со настанот од 112 за пријавена поплава предизвикана од пороен дожд што го зафати градот Прилеп, дошло до излевање на реката и на ул.,, Дабничка“ бр.39 Б ( нас.Тризла во Прилеп) и се поплавиле подрумските простории. Во 20.55 часот Раководителот на РЦУК Прилеп телефонски не извести дека екипи на ТППЕ Прилеп и ЈП,,Водовод“ се на терен.
Поплавени се подрумски простории во две куќи и се очекува да падне стара куќа изградена од плитари. Други штети не се очекуваат.
