Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПОПЛАВЕНИ КУЌИ, НИВИ И МАГАЦИНИ СО ОРИЗ ВО ЧЕШИНОВО ОБЛЕШЕВО Се излеа Кочанска Река, висок водостој на Брегалница
Македонија

ПОПЛАВЕНИ КУЌИ, НИВИ И МАГАЦИНИ СО ОРИЗ ВО ЧЕШИНОВО ОБЛЕШЕВО Се излеа Кочанска Река, висок водостој на Брегалница

29/11/2025

AA

Обилните врнежи предизвикаа излевање на Кочанска Река која ги поплави селата Чешиново, Облешево и Чифлик. Најпогодено е селото Облешево каде што се поплавени куќи, ниви и магацини со ориз.

Општината Чешиново Облешево формираше кризен штаб.

Градоначалникот Јорданчо Костадинов вели дека се работи на санирање на состојбата, но потребна е дополнителна механизација за помош.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али информирапе дека утрово се поплавени простории и дворови на различни локации во Чешиново-Облешево.

– Локалната самоуправа е активно ангажирана на терен со сите расположливи ресурси. Во интервенциите учествуваат и ТППЕ Кочани, Водостопанство „Брегалница“ и РЦУК Кочани. Побарана е и дополнителна материјално-техничка поддршка, особено за испумпување вода од поплавените објекти – вели директорот на ЦУК.

Али додава дека реките Брегалница и Кочанска Река имаат значително зголемен водостој. Излевање е забележано и на територијата на општината Штип.

– Како последица на врнежите, утрово се појавија свлечишта на експресниот пат Радовиш-Штип и на патниот правец Злетово-брана Кнежево. За настанит веднаш беше информирано ЈП Македонија пат, чии екипи излегоа на терен и интервенираа соодветно – вели Али.

Тој додава дека е забележано лизгање на земјиште во село Липково, кај место викано Кисела Вода. За овој случај Општина Липково веќе информирала дека располага со ограничени ресурси за интервенции од ваков тип, поради што побарала да се вклучат државните институции во санирање на свлечиштето.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Наутро продолжува гасењето на пожарот на Китка, Ангелов вели: Злобниците

24/08/2026
Македонија

Пожар го блокираше експресниот пат Штип – Кочани

24/08/2026
Македонија

ФОТО Пожарите околу Скопје донесоа чад и мирис на гареж:

24/08/2026
Македонија

Забранета водата за пиење во велешките села Иванковци и Кумарино

24/08/2026
Македонија

21 пожари низ Македонија, активни 7

24/08/2026
Македонија

Приведен 71-годишен скопјанец во Охрид: Агресивно се однесувал и испрскал

24/08/2026
Македонија

Метеоаларм за денес: Пороен дожд, грмежи и засилен ветер

24/08/2026
Македонија

Петок неработен ден за православните верници

24/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45226
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Наутро продолжува гасењето на пожарот на Китка, Ангелов вели: Злобниците упорно го палат

24/08/2026

Пожарот на планината Китка, кој е најкомплексен за гасење во земјава, повторно е активен откако бил намерно подметнат од страна

Пожар го блокираше експресниот пат Штип – Кочани

24/08/2026

Сообраќајот на експресниот пат Штип – Кочани е во прекин поради активен пожар кој избувна во близина на коловозот. На

ФОТО Пожарите околу Скопје донесоа чад и мирис на гареж: Активни неколку жаришта во земјава

24/08/2026

Скопје денеска беше обвиено со чад и мирис на гареж, додека активните пожари во околината на главниот град продолжуваат да

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy