Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПОПЛАВЕНИ ДЕЛ ОД ОСТРОВИТЕ ВО СОСЕДНА ГРЦИЈА – Миконос и Парос најпогодени, надојдените води влечат автомобили (ВИДЕО)
Регион

ПОПЛАВЕНИ ДЕЛ ОД ОСТРОВИТЕ ВО СОСЕДНА ГРЦИЈА – Миконос и Парос најпогодени, надојдените води влечат автомобили (ВИДЕО)

31/03/2025

AA

Медиумите од соседството јавуваат дека лошото време ги зафати Кикладите, а полавени се островите Парос и Миконос.

„Патувањето по патната мрежа на Миконос е забрането до крајот на појавите“, се наведува во пораката на Цивилната заштита.

Поројните дождови ги однесоа автомобилите во Парос, каде има бројни повици до Противпожарната служба за испумпување на водата, јавува Катимерини. 

Силниот и обилен дожд и невремето што попладнево ги зафати Кикладските острови во Егејското море предизвика поплави и проблеми, а најпогоден е островот Парос, каде што улиците се претворија во реки, а од бројот 112 за итни случаи беше испратена порака до жителите и посетителите дека е забранет сообраќајот на возила, со исклучок на оние за итни случаи.

Според видеата објавени на социјалните мрежи, водата на поплавените улици повлече паркирани автомобили.

Градоначалникот на Парос, Костас Бизас за грчката телевизија ЕРТ рече дека невремето започна околу 15 часот и предизвика проблеми на повеќе патни мрежи, а најпогоден е градот Науса каде што се излеала реката, но и потенцираше дека за среќа нема повредени граѓани.

Откако беше испратена пораката од 112 за забрана за движење на возила и од општина Парос преку соопштение ги повикаа жителите и посетителите на островот, „поради опасните временски појави што го зафатија островот, како и големите штети што се предизвикани на патната мрежа, да не се сообраќаат по патната мрежа“.

– Оштетувањата на патната мрежа опфаќаат одрони, поплави и уривања на делови од мрежата, што го прави сообраќајот опасен. Општината во соработка со надлежните служби прави максимални напори за справување со вонредната состојба. Се молат сите жители и посетители на островот да ги следат упатствата на надлежните органи, соопштија од општината.

Според грчките медиуми, од Атина и од соседниот остров Наксос на Парос се испраќаат пожарникари за да помогнат во справување со последиците од невремето.

Проблеми, но од помали размери имаше и на островот Сирос.

Кусо пред почетокот на невремето беше испратена порака до жителите на Кикладските острови дека до утре наутро се очекуваат интензивни временски појави, им препорачаа да бидат внимателни во движењата и да ги следат упатствата на надлежните.

Фото: Принтскрин/Фејсбук

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy