
Поплава во Струмичко: Удавени над 100 овци и јагниња, уништени земјоделски насади
Силното невреме и обилните дождови предизвикаа катастрофални штети во струмичкиот регион.
Најкритично е во селото Костурино, на местото викано „Шепово“, каде во налетот на водата загинаа повеќе од 100 јагниња и овци.
Покрај големите загуби во сточниот фонд, поплавите нанесоа сериозни оштетувања и на земјоделските површини во атарот на селото Муртино.
Локалните земјоделци стравуваат за своите насади, кои се целосно под вода, додека надлежните допрва ќе ја утврдуваат вкупната материјална штета на терен.

