
Попладне повремен локален дожд и ретки грмежи
Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне воnзападните делови ќе има повремен локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 33 степени. Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. T=30°C. P=977hPa. U=45%. V=4m/s.
До средината на следната седмица ќе преовладува претежно стабилно време со дневни температури малку под просекот за овој период од годината. Потоа времето ќе биде сончево и потопло со пораст на дневната температура.