
Попладне невреме во делови од Македонија!
Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.
Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. UV=6
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
