
Попладне невреме со пороен дожд, силен ветер и град
Претпладне во источните делови ќе биде сончево со умерена облачност, а во западните променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен,
а вдолж Повардарието од југоисточен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе биде
нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 20 l/m²), засилен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град.
Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 35 степени.
Во Скопје: Променливо облачно со умерен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, во делови од котлината во форма на невреме. T=34°C, P= 974hPa, V=6m/s, U=58%
Утре времето ќе биде променливо облачно, претпладне со локален дожд и грмежи
претежно во источните делови. Ќе дува умерен повремено засилен западен, а во источните делови северозападен ветер. Од понеделник ќе преовладува претежно стабилно и потопло време, освен во среда, кога ќе има изолирана појава на нестабилност со локален дожд и грмежи.