Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПОНИСКИ ИЛИ ПОВИСОКИ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА: граѓаните скептични, експертите велат враќањето на дневната евтина енергија е можно!
Економија

ПОНИСКИ ИЛИ ПОВИСОКИ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА: граѓаните скептични, експертите велат враќањето на дневната евтина енергија е можно!

21/02/2023

AA

Ќе има или ќе нема
дневна евтина тарифа. Ќе поевтини или ќе поскапи уште повеќе електричната
енергија? Граѓаните во недоумица по вчерашната изјава на првиот човек на
Регулаторната комисија за енергетика за можното враќање на дневната евтина
тарифа. Оваа инфомација би ги израдувала граѓаните, во случај со неа да не
стигнеше и информацијата дека можно е и ново зголемување на Данокот на додадена
вредност од 10 на 15 проценти.

Граѓаните велат
дневната евтина тарифа ќе им придонесе многу, но додаваат и дека веќе не
веруваат во ветувања, оти се ветуваше и поевтина енергија од почетокот на оваа
година, а сметките кои ги добиваат сега се многу повисоки
.

– 
Ако
преку ден има евтина тарифа ќе биде многу подобро, не мора да чекам 10 часот
навечер за домашните обврски, од готвење, пуштање рерна, па до машина за перење
алишта, гледам се што може да се направи во евтина тарифа, се да биде после
десет часот. А тоа значи неспиење. Да се направи ручек и да се пушти една
машина преку ден во рок од два часа ќе ми значи многу, но не верувам дека ќе ја
вратат. Ништо што се укинало не било вратено – вели четириесет годишната
Тодорка од Скопје, која посочува дека работи на смени, но дневната евтина
енергија би и помогнала, бидејќи некои денови е дома пред два часот.

Но, таа не е
единствена која вели дека поевтина енергија во текот на денот би помогнала за
намалување на трошоците, но голем дел се скептични дека ова ќе
се случи, и загрижени дека ќе дојде само до ново зголемување на
сметките.

– 
Почнавме
да штедиме на се што е поврзано со енергија, но сметките и понатаму растат. Како
е тоа можно. Внимавам да пуштам бојлер само во ноќните часови, ретко готвам
преку ден, особено ако треба рерна да користам, готвам на плин,
навечер перам, но сметките од јануари сепак се зголемија. Би било добро да има
дневна евтина, но ми изгледа дека ова ќе биде само најава за раст на ДДВ – вели
една повозрасна жителка на главниот град.

Експерите пак за
Фактор посочуваат оти има основа за враќање на дневната евтина енергија,
бидејќи може да се појават вишоци во текот на денот, кога и зрачењето на
сонцето ќе биде најголемо
и кога ќе има потреба да се потроши таа произведена
енергија.

– 
Логиката
на враќање на евтината тарифа во текот на денот (14-16 часот) е заради
интензивно инсталирање на фотоволтаични производни системи во нашиот
електроенергетски систем. Имено од една страна би се појавил вишок на
електрична енергија во периодот кога има голема инјектирана моќност во
системот, а истовремено би се задоволиле и барањата на потрошувачите кои бараат
враќање на дневната евтина тарифа. Исто така би се намалил ноќниот пик кој се
јавува од 22 до 24 часот кога е ноќната евтина тарифа
– укажува професорот
Антон Чаушевски, од Факултетот за електротехника и информациски технологии.

Враќањето на
евтината енергија преку ден би придонело за подобро балансирање на енергијата испорачана
во мрежата.

– 
Со ова
би се релаксирале приликите во електроенергетскиот систем и балансирањето
помеѓу производството и потрошувачката на електрична енергија. Ова посебно би
се одразило и би било значајно во периодот од март до октомври кога има
најголемо производство од страна на фотоволтаиците во текот на дено
т. Со тоа би
се нашол дополнителен конзум на производителите на електрична енергија од
фотоволтаици и би се задоволиле и барањата на потрошувачите – укажува Чаушевски.

Според нашиот
соговорник, дури е добра можност или добро да се адаптира односно периодот на дневна
евтина енергија да се прилагодува во зависност од сеозната и кој период има
повеќе сонце.

– Може
и периодот на дневната евтина тарифа да биде флексибилен во зависност од
сезоната, на пример периодот април и мај се карактеризира со низок конзум, а од
јуни до август имаме поинтензивно сончево зрачење
. Секако треба да се направат
сериозни  анализи (технички можности на
мрежата, енергетски и финансиски пресметки) 
од страна на енергетските компании и секако РКЕ да донесе одлука врз
основа на анализите – додава Чаушевски.

Професорот за
Фактор исто така потенцира дека ваквата мерка освен за домаќинствата ќе има
придонес и за компаниите поточно за малите потрошувачи кои и понатаму се на
регулираниот пазар.

– Ова
мерка освен за домаќинствата, сигурно би значела и за компаниите односно малите
потрошувачи кои имаат сервисни и услужно комерцијални дејности. Голем дел од
компаниите веќе имаат инсталирано и сопствени производни капацитети од
фотоволтаици на крововите кои би им помогнале за покивање на дел од сопствените
потреби од електрична енергија со што им се намалуваат трошоците. Со една ваква
мерка на воведување на евтина тарифа и за домаќинствата и за малите тарифни потрошувачи
би се релаксирал ударот од големо инјектирање на моќност и енергија од
фотоволтаиците во електроенергетскиот систем
со истовремено задоволување на
барањата на потрошувачите. Останува само да се одреди која би била цената на
евтината електрична енергија со кои би биле задоволни и потрошувачите и
производсителите на електрична енергија – заклучува Чаушевски. 

За потсетување, вчера претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски во телевизиско гостување најави дека можно е враќање на дневната евтина тарифа, но тоа би важело од 1 јули, што на годишно ниво би било заштеда од пет проценти на цената на струјата за
домаќинствата. Сепак, тој спомена дека е можно и зголемувањее на ДДВ-то од 10
на 15 проценти, додавајќи дека лично е против раст на данокот.

Петранка
Огнаноска

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy