Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПОНИСКА СТРУЈА ВО ПРВ БЛОК, ПОСКАПА ВО ТРЕТ И ЧЕТВРТ: Еве кои се новите пресметки
Економија

ПОНИСКА СТРУЈА ВО ПРВ БЛОК, ПОСКАПА ВО ТРЕТ И ЧЕТВРТ: Еве кои се новите пресметки

02/01/2024

AA

Цената на струјата за домаќинствата од денеска се намалува за 5,16 отсто за прв блок, за втор блок и за евтината тарифа останува иста, за трет блок поскапува за 2,88, а за четврт блок за 1,86 отсто при што цената за секој блок е збир од цена за активна електрична енергија плус мрежарина.

Тоа, според претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) Марко Бислимоски, го овозможи воведувањето на надоместокот за пристап до мрежа од 200 денари месечно што од почетокот на годинава ќе го плаќаат сите корисници. Во спротивно доколку не се воведеше, како што вели, ќе имаше поскапување за 3,4 отсто во прв блок, за 8,62 во втор, за 9,46 во трет и за 4,92 отсто во четврт блок, додека евтината тарифа ќе се зголемеше за 15,42 отсто. Дополнително, надоместокот за пристап до мрежа овозможи намалување на мрежарината за речиси 23 отсто.  

-Со новиот концепт пристап кон мрежа, се направи фер распределба на трошокот за мрежа меѓу редовните корисници и оние потрошувачи кои повремено ги користат објектите. Во моментите кога го имплементиравме надоместокот за пристап кон мрежа се водевме пред се на една од најбитните темелни вредности на нашиот Устав, тоа е социјалната правда. Со воведувањето на овој пристап кон мрежа овозможивме цената за мрежарина да се намали за речиси 23 проценти. Сето тоа ни овозможи да ги донесеме цените што ги објавивме, рече Бислимоски на прес-конференција, истакнувајќи дека одлуката е во насока на заштити стандардот на граѓаните.

Ова, додаде, е првата одлуката за цена што ја пресметуваше и ја објави во „Службен весник“ универзалниот снабдувач „ЕВН Хоум“, под контрола на РКЕ.

-Со ЕВН неколку пати одржавме состаноци и имавме забелешки во одреден дел околу факторот на корекција. ЕВН бараше да се примени поголем дел од факторот на корекција кој треба да се врати во наредниот период, а ние инсистиравме во оваа одлука факторот на корекција да биде нула. На крајот концептот РКЕ да врши контрола во носењето на одлуката на „ЕВН Хоум“ се покажа како правилен и беа прифатени нашите образложенија врз чија основа се донесе одлуката за цените, рече Бислимоски. 

Посочи дека кај 80 проценти од домаќинствата веќе функционира евтината дневна тарифа во периодот од 13 до 15 часот што беше воведена од 1 декември минатата година.

Во првиот блок се домаќинствата кои трошат од 0 до 210 киловат часови електрична енергија месечно, во вториот од 210 до 630, во третиот од 630 до 1.050 и во четвртиот тие што трошат над 1.050 киловат часови месечно. 

Според Бислимоски, некаде околу 80 проценти од домаќинствата се во првиот и во вториот блок. Смета дека со воведувањето на евтината дневна тарифа ќе се намали потрошувачката по блоковите, а за сметка на тоа ќе се зголеми во евтината тарифа каде цената е двапати поевтина од првиот блок. Тоа , како што вели, ќе значи дека и оние домаќинства кои влегуваат во третиот блок фактички ќе плаќаат помалку отколку досега.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy