Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Понеделникот по педесетница – Ден на Светиот Дух
Македонија

Понеделникот по педесетница – Ден на Светиот Дух

05/06/2023

AA

Во понеделникот по неделата на Педесетница, се совршува празнување во чест на Светиот Дух. Тој празник бил востановен од Црквата заради величање на Пресветиот и Животворен Дух, кој е еден од Светата и Живоначална Троица, како спротивставување на учењето на еретиците коишто го отфрлаа Божеството на Светиот Дух и Неговата единосуштност со Бог Отецот и Бог Синот. Светиот Дух е еден со Отецот и Синот во сè, затоа Он и совршува со Нив сè, бидејќи самовластен, сесилен и добар.

Преку Него се подава секоја мудрост, живот, движење; Он е изворот на секој живот. Он има сè што имаат Отецот и Синот, освен нероденоста и роденоста, исходејќи од единиот Отец.

Светиот Атанасиј говори: Духот Свети не е создаден од Отецот, не е створен, не е роден, туку исходи. Но, во што се состои исходењето на Светиот Дух од Отецот за нас е недостижно, исто како што е недостижно и раѓањето на Синот. Затоа Светата Православна Црква никогаш не се решила да ја подвргне таа тајна на Божеството на човечко расудување, туку секогаш ја исповедала, согласно со учењето на нашиот Спасител, Иисус Христос.

Господ му открива на човекот толку колку што му е неопходно за негово спасение, та многу тајни остануваат за нас зад непроѕирна завеса. Обогатувајќи го човекот со духовни дарови, и растејќи во него духовни плодови, Светиот Дух го украсува човекот со многубројни добродетели, и го прави, согласно зборовите на Светото Писмо, добро дрво, кое дава добри плодови. Животот по Духот Свети јасно се забележува во плодовите на Духот, коишто се, според зборовите на Апостолот Павле: љубовта, радоста, мирот, долготрпението, добротата, милосрдието, верата, кротоста, воздржанието.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy