Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПОМОГНАЛЕ ВО ИЗВРШУВАЊЕ УБИСТВО, ДОБИЈА ПО 5 ГОДИНИ ЗАТВОР Пресуда за турските државјани за ликвидацијата во Штип
Македонија

ПОМОГНАЛЕ ВО ИЗВРШУВАЊЕ УБИСТВО, ДОБИЈА ПО 5 ГОДИНИ ЗАТВОР Пресуда за турските државјани за ликвидацијата во Штип

26/02/2026

AA

Турските државјани Рамазан Аџет, Селахадин Арслан и Осман Метихан Кулдруд добија казна затвор по 5 години, бидејќи во мај 2025 година му помогнале на Кадир Кара во извршување на убиство, во кафуле на градскиот плоштад Слобода во Штип.

Судечкиот судија во Основниот суд во Штип, Јулијана Недкова денеска ја објави пресудата за четворица обвинати за помагање во извршување убиство.

– Судот ги осудува обвинетите Рамазан Аџет, Селахатин Арслан, Осман Метихан Кулдруд како помагачи за сторено кривично дело Убиство на казна затвор од по 5 години. Во изречената казна затвор на обвинетите, сите од Турција, им се пресметува и времето поминато во притвор, сметано од 5 мај 2025, па сè додека притворот трае. Судот им изрекува и казна протерување странец од земјата, кое ќе трае засекогаш, а која ќе се изврши по издржување на изречените казна затвор во траење од по 5 години – рече Недкова при изрекувањето на пресудата во Основниот суд во Штип.

Четвртообвинетата доби 3 месеци казна затвор. Таа била во притвор, а потоа и во куќен притвор, со што ја издржала казната.

Убиецот Кадир Кара, кој призна вина, е осуден на затворска казна од 17 години и протерување од државата, откако ќе ја издржи казната во македонски затвор.

На денот на убиството, околу 18.30 часот, тројца од обвинетите го превезле Кара со автомобил од Скопје до Штип. Претходно, преку социјални мрежи тој договорил средба со жртвата во „Вами кафе“ на штипскиот плоштад. По кратко задржување, Кара се упатил кон тоалетот, по што се вратил со изваден пиштол и испукал 6 куршуми кон 25-годишниот студент, кој починал во болница поради обилно крварење.

По убиството, групата се обидела да ја избегне полициската потрага, па повикале женско лице, студентка на трета година по медицина во Штип, да ги превезе назад за Скопје. Таа, иако знаела дека е извршено убиство, прифатила да им помогне.

17 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА УБИСТВОТО ВО ШТИП Турчинот Кадир Кара осуден, ќе биде протеран по издржување на казната

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Радман: Македонија заслужува брзо членство во ЕУ, нашата соработка е

26/02/2026
Македонија

Вечерва „Ноќно студио“ на 4ТВ: Гости Трендафилов, Стојаноски и Миноски

26/02/2026
Македонија

И БРИСЕЛ Е ВИНОВЕН ЗА ЗАСТОЈОТ НА ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ,

26/02/2026
Македонија

Осомничениот за свирепите убиства во Старо Нагоричане под строг надзор:

26/02/2026
Македонија

Инцидент во кумановскиот дом за стари лица: Две баби претепале

26/02/2026
Македонија

Таравари го тужи Меџити за клевета

26/02/2026
Македонија

Приведена 27 годишната македонска мисица, ги попречувала АХВ во работата!

26/02/2026
Македонија

ПОМОГНАЛЕ ВО ИЗВРШУВАЊЕ УБИСТВО, ДОБИЈА ПО 5 ГОДИНИ ЗАТВОР Пресуда

26/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41978
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Радман: Македонија заслужува брзо членство во ЕУ, нашата соработка е пример за целиот Балкан

26/02/2026

Северна Македонија заслужува брзо членство во Европската Унија, порача хрватскиот министер за надворешни и европски работи, Гордан Грлиќ Радман, по

Вечерва „Ноќно студио“ на 4ТВ: Гости Трендафилов, Стојаноски и Миноски

26/02/2026

Вечерва во 20 часот започнува „Ноќно студио“ на 4ТВ. Емисијата се состои од три интервјуа, а гости ќе бидат: Не

И БРИСЕЛ Е ВИНОВЕН ЗА ЗАСТОЈОТ НА ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ, МАКЕДОЦИТЕ СЕ УМОРНИ ОД ЧЕКАЊЕ

26/02/2026

Уставните измени се клучни за да продолжат преговорите за членство на Македонија во ЕУ, но одговорноста за застојот во процесот

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy