Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПОМАЛКУ РАБОТНИЦИ ВО РУДАРСТВОТО И ЕНЕРГЕТСКИОТ СЕКТОР! Еве ги најновите податоци за движењето на работниците во земјава
Економија

ПОМАЛКУ РАБОТНИЦИ ВО РУДАРСТВОТО И ЕНЕРГЕТСКИОТ СЕКТОР! Еве ги најновите податоци за движењето на работниците во земјава

03/10/2023

AA

Бројот на работници во рударството и во енергетскиот сектор се намалил, но има пораст на бројот на работници опфатени во преработувачката индустрија. 

Последните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека бројот на работници вработени во индустријата, отприлка се задржал на слично ниво во август годинава како и во август минатата година. 

Имено, индексот на бројот на работниците во индустријата во август
2023 година, во однос на август 2022 година, изнесува 101.3. 

– Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во август 2023 година, во однос на август 2022
година, бележи опаѓање од 1,7 проценти, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 1,9 отсто, а во секторот Снабдување
со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 5,9 проценти – пишува во анализата на ДЗС. 

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во август 2023 година, во однос на
август 2022 година, бележи пораст кај Капитални производи за 13,5 отсто, додека опаѓање бележи кај Енергија за
4,6 проценти, Интермедијарни производи, освен енергија за 3,9 проценти, Tрајни производи за широка потрошувачка за 5,8 отсто и
Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1 процент. 

Што се однесува пак на периодот од почетокот на годината, индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – август 2023 година, во однос на периодот
јануари – август 2022 година, изнесува 100.9.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy