Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПОМАЛКУ ГОВЕДА – ПОМАЛКУ МЛЕКО: трендот на поскапување на храната нема да исчезне, ниту да се намали
Економија

ПОМАЛКУ ГОВЕДА – ПОМАЛКУ МЛЕКО: трендот на поскапување на храната нема да исчезне, ниту да се намали

09/04/2024

AA

Во екот на најголемата
криза за храна и поскапувањето на бројни хранливи продукти, меѓу кои и основните
како млекото, млечните производи, лебот и житните продукти, но и раст на цените
на месото, неминовно се наметнува прашањето се грижи ли некој за домашното
прозивдстов на млеко и за драстичното намалување на бројот на добиток во
земајва.

Бројките говорат
дека Македонија низ годините загубила многу, дека бројот на добиток е намален
кај сите категории, а следствено на тоа, намалено е и домашното производство на
млеко.

Последните
податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека во Македонија во 2023
година имало само 148.693 говеда,
од кои 3.468 се сопственост на деловни
субјекти, додека 145.225 се на индивидуалните фармери.

Само пет години
претходно бројките биле скоро двојни. Во 2018 година во Македонија имало дури 256.181
говеда
, од кои 6.559 биле во сопственост на деловни субјекти, додека пак 249.622
на фармери.

Ако се погледнат
бројките од пред десет години, поточно во 2013 година, ќе се забележи дека тогаш
имало дури и помалку говеда од 2018 година. Имено во 2013 година во Македонија
биле избројани 238.333 говеда
, од кои 6.919 биле на деловни субјекти, додека
231.414 во сопственост на фармерите.

Од податоците кои
се достапни на веб страната на ДЗС, може да се види дека статистичарите имаат
податоци се до 2009 година, кога на македонските ниви биле изборјани 252.521
говеда
, од кои 8.456 биле сопствеништво на деловни субјекти, додека пак 244.065
на фармери.

Податоците
покажуваат дека освен кај свињите, слични трендови има кај сите домашни
животни. Па така, ако минатата година во Македонија имало 193.412 свињи, пред десет
години нивниот број изнесувал 167.492
. Додека пак во 2009 година имало 193.840.
Ова покажува дека иако и овој сектор бележел пад, последните години бројот на
примероци на свињи во нашата земја повторно се зголемил.

Од друга страна,
кај овците се забележува надолен тренд. Ако во 2009 година имало 755.356 овци
на наша територија
, во 2013 година тие спаднале на 731.828, за минатата година
да бидат пребројани помалку од шестотини, или поточно 587.073 овци
.

Кај козите иако
бил забележан тренд на намалување на бројот на примероците, најновите податоци
откриваат повторно раст на овие животни во нашата земја, но се уште не ги достигнале
нивоата како во 2009 година кога имало 94.016 кози. Во 2013 година нивниот број
паднал на 75 илјади примероци, додека минатата година се зголемил за над 10
илјади кози и достигнал 85.528 кози.

Што се однесува
пак до производството на млеко согласно падот на бројот на добиток во земајва се
забележува значително намалување и на домашното производство на млеко.

Па така, лани во
земајва производството
на кравјо млеко достигнало 238.328 илјади литри, што е за 26,5 проценти помалку
во однос на 2022 година
. Пред пет години, производството на кравјо
млеко изнесувало 404.230 илјади литри. Додека пак пред 10 години или во
2013 година биле произведени 380.735 илјади литри, а во 2009 година 342.622
илјади литри кравјо млеко
.

П.О.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Гаши по денешните пратенички прашања: Злоупотребата на процедуралните забелешки мора

30/07/2026
Македонија

Г.Г. Стефан со Илинденско послание

30/07/2026
Македонија

Потврден новиот состав на Извршниот комитет на Унијата на жени

30/07/2026
Македонија

МЗ наложи дополнителна терестичка дезинсекција против комарци во населба Драчево

30/07/2026
Македонија

Вечерва прскање против комарци во Кисела Вода

30/07/2026
Македонија

Локализиран пожарот кај Лешница, интервенираа два ер трактори

30/07/2026
Македонија

ФОТО Граѓаните веќе тргнаа на продолжен викенд за Илинден

30/07/2026
Македонија

Домаќинствата можат да добијат до 30.000 денари субвенции за приклучок

30/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44768
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Гаши по денешните пратенички прашања: Злоупотребата на процедуралните забелешки мора да сопре!

30/07/2026

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, во своето гостување на МРТ се осврна на динамиката и процедуралните опструкции за време на

Г.Г. Стефан со Илинденско послание

30/07/2026

По повод претстојните илинденски празнувања, поглаварот на Македонската православна црква, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, заедно со Светиот архиерејски

Потврден новиот состав на Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ

30/07/2026

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ го потврди новиот состав на својот Извршен комитет, соопшти претседателката на Унијата, Марија Митева, оценувајќи

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy