
Полска закажа четвртфинале против Србија на ЕП
Полска доминираше во првите два сета од натпреварот, кои ѝ припаднаа со 25-16 и 25-17, по што следеше подобра игра на Белгија и пресврт во третиот сет (25-23).
Голема битка на паркетот се водеше и во четвртиот сет, но Полска беше подобра со 25-22 и избори четвртфинале против Србија, која претходно ја совлада Чешка со 3-0 во сетови.

