
ПОЛОВИНА СИСАК ОСТАНА БЕЗ СТРУЈА: Земјотрес ја погоди Хрватска
Потрес со јачина од околу 4 степени денеска ја стресе Хрватска.
Епицентарот на земјотресот бил на 9 километри североисточно од градот Сисак, на длабочина од 13 километри. Земјотресот го почувствувале и во БиХ.
Според сеизмологот Томислав Фикет, оваа серија по разорниот земјотрес во Петриња на 29 декември 2020 година сè уште трае.
„Ова е еден од земјотресите што можеме да ги сметаме за последователни потреси. Неодамна овие земјотреси беа послаби по јачина, овој е малку посилен, но не излегува од опсегот на нормалната сеизмичка активност“, рече Фикет.
Половина Сисак остана без струја по земјотресот.
На грчкиот остров Санторини периодов имаше 20.000 потреси, поради што Грците се плашат дека сезоната ќе пропадне.