
Полноќен извештај, на овие патишта низ Македонија има врнежи од снег и забрана за камиони
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози.Забрана за тешки товарни возила има на патниот правец Гостивар-Маврово и Гостивар-Стража-Кичево.Слаби врнежи од снег имаме на Попова Шапка,Тетово, Пресека,Кула и во Петровец.Густа магла со видливост 0д 40м. има на Ѓавато и во Крушево.
На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.
Сите подетални информации учесниците во сообраќајот можат да ги добијат на нашиот дежурен телефон 02 25 61 502.