Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Полни контерјнери и смрдеа во Тетово, Касами се жали дека нема работници
Македонија

Полни контерјнери и смрдеа во Тетово, Касами се жали дека нема работници

08/07/2023

AA

олни контејнери и уште толкава количина на смет оставен покрај нив периодов е честа слика по тетовските улици, па жителите алармираат на неподносливата миризба и опасности по здравјето. Овие поплаки дојдоа и до градоначалникот, кој оваа недела ги слушна големиот број прашања на советниците токму на оваа тема-кога и каде ќе се среди долготрајното и повеќе часовно стоење на сметот низ градот.

Градоначалникот Биљал Касами за основата на проблемот како и досега, ги обвинува претходните раководства, а решението го има само како најава. Вели дека поради долговите на општината не може да се вработат дополнителен број луѓе кои ќе го собираат сметот.

-За жал тоа што создавале нашите претходници во општина, и продолжува да биде тренд, да има работници да земат плати и да седат дома, не ни овозможува да најдеме работници да работат со овие плати во претпријатието. Во неколку сектори во општина имаме потреба за работници за комунални дејности, за урбанизам, инженери и инспекторатот. Сите тие работници кои се моментално, не се доволни и не се мотивирани, рече Биљал Касами.

Според него, решение е во ново јавно претпријатие кое ќе занимава само со справување со смет. Ова е постара најава чија реализација повеќе пати се најавува

-Поради ситуацијата со која се соочува претпријатието ние сме почнале со постапката за сериозна реконструкција, со основањето на две нови претпријатија, за снабдување со вода и за менаџирање на отпадоците. Во меѓувреме треба да се објави тендерот за избор на приватен партнер кој ќе оперира во менаџирање со отпадоците. Сум убеден дека еднаш засекогаш за менаџирање на отпадоците ќе биде решено, истакна Касами пред советниците.

Докторот Ратко Давидовски од Центарот за јавно здравје, со специјалност по здравствена екологија и хигиена го повторува предупредувањето дека оставањето смет значи потенцијална опасност по здравјето на граѓаните.

– Самата непријатна миризба ја загрозува социјалната благосостојба, тоа е основен постулат на Светска здравствена организација. Покрај тоа, отпадот што е биоразградлив на ова топло време развива бактерии и така претставуваат ризик по јавното здравје поради опасност од појава на бактериски зарази, изјави Давидоски.

Според Касами и за големиот број несовесни граѓани допрва се разгледува решение. Според него ќе се поставуваат камери на критични точки со цел да се следат граѓани кои несовесни оставаат смет каде што не треба.

Во состојбата со сметот нема промена иако лани, во јуни 2022 година Касами најави дека во употреба ќе има дополнителен број нови 15 полуподземни контејнери, како и 100 контејнери добиени како донација од турска општина.

За полуподземните контејнери беа набавни и две специјални возила. Од 15-те полуподземни контејнери осум контејнери се од 3000 литри и седум од 5000 литри.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy