
ПОЛН КАПАЦИТЕТ ЌЕ ИМААТ ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Држава во ЕУ почна да ископува ураниум
Првата држава од Европската Унија(ЕУ) која ископува ураниум е Финска.
Информацијата ја објави рударската компанија, пренесува Политика. Оваа финска компанија додава дека споменатата руда почнала да ја вади на североисток во рудникот во Соткам.
Се очекува компанијата да достигне полн капацитет до 2026 година, а обемот на производство на ураниум да биде околу 200 тони годишно. Во подготовката на производството се вложени околу 20 милиони евра.
foto EPA

