![Политиката замешала прсти и во водата](https://novina.mk/wp-content/uploads/2024/02/naplaten-punkt-vodovod-780x470-1-jpg.webp)
Политиката замешала прсти и во водата
Како што дознава САКАМДАКАЖАМ.МК, денеска требало да се врши зафат на главната водоводна цевка за да се приклучат на вода селата во Сарај. Овој зафат бил договорен пред на функција да дојде новиот директор Виктор Панчевски и за него знаела и градоначалничката Данела Арсовска. Панчевски дознал откако веста ја објавија медиумите, па настанала кавга во претпријатието зошто не бил информиран и побарал да се одложи зафатот.
САКАМДАКАЖАМ.МК вчера испрати и прашања до Панчевски за каков зафат станува збор и зошто цело Скопје ќе биде без вода в недела, но одговор не добивме.