Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Полициски службеник осомничен за обљуба со злоупотреба на положбата
Магазин

Полициски службеник осомничен за обљуба со злоупотреба на положбата

15/08/2024

AA

Надлежен јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во текот на вчерашниот ден, постапувајќи по кривичната пријава поднесена од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи донесе наредба за спроведување на истражна постапка против еден полициски службеник. На осомничениот му се става на товар дека сторил кривично дело „Обљуба со злоупотреба на положбата“ по член 189 став 1 од Кривичниот законик.

„Постои основано сомнение дека осомничениот – униформиран полициски службеник од ПС Бит Пазар, на 31.7.2024 година во 22:30 часот на бул.Крсте Мисирков во Скопје, пред хотел „Дајмонд“, со злоупотреба на својата положба ја навел оштетената која во моментот била во однос на подреденост да изврши друго полово дејство на тој начин го понижил нејзиното човеково достоинство и човековата личност. Осомничениот, постапувајќи по наредба за вршење на дејност на сообраќајни прекршоци од Законот за безбеност на сообраќајот на патиштата, со светлосен знак ја запрел оштетената која управувала ПМВ марка „Митсибуши Колт“ и при проверката на документацијата утврдил дека оштетената го управува возилото без возачка дозвола.

Наместо да  ѝ врачи прекршочен платен налог, тој преку отворена возачка врата на возилото каде седела оштетената и ги фатил рацете и со главата и горниот дел од телото влегол внатре во возилото и ѝ ја повлекол маицата па почнал да ја бакнува по градите, вратот и лицето. Потоа напуштајќи го возилото ѝ рекол „Сега ќе те пуштам. Јас морам да пипнам, морам да видам“ и со трескање ја затворил вратата од возилото на оштетената  одобрил да си замине. Оштетената го ставила возилото во движење и го пријавила настанот, по што во координација со јавен обвинител беа преземени предистражни дејствија за расветлување на случајот. Врз основа на земени примероци за ДНК и извршено препознавање беше утврден идентитетот на полицискиот службеник и против него е поднесена кривичната пријава.

Ценејќи дека постојат околности што го оправдуваат стравот oд опасност од бегство, дека ќе ги сокрие, фалсификува или уништи трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци ќе ја попречи истрагата, предметниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје предложи на осомничениот да му се определи мерката притвор.

Судијата на претходна постапка не го прифати предлогот на обвинителството и на осомничениот му определи мерка куќен притвор и мерка на претпазливост – привремено одземање на патна исправа за преминување на државна граница и забрана за издавање нова, за што обвинителството како незадоволно од ваквата одлука ќе поднесе жалба, особено имајќи предвид дека запретената казна за кривичното дело за кое се товари осомничениот е најмалку пет години затвор’, стои во соопштението на Обвинителството. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy