
ПОЛИЦИСКИ ХАМЕРИ И ЖАНДАРМЕРИЈА ВО ПОЛНА ОПРЕМА ЗА ИНТЕРВЕНЦИЈА КАЈ ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ: Протестот официјално заврши по прекинатиот 15-минутен молк
На булеварот „Краљ Александра“ кај Правниот факултет има жандармерија и полициски
џипови.
Голем број полицајци стојат покрај полициските возила (хамери) во полна опрема
за брза интервенција, но се уште
нема јасни информации зошто токму таму се распоредени.
Инаку,
најмасовниот протест во Белград на кој присуствуваа близу 110.000 луѓе
официјално е завршен, откако беше прекинат 15 минутниот молк.
Имено, се случија
инциденти во близина на Собранието, по што студентите ги вратија елеците и
порачаа дека протестот повеќе не е студентски протест.
Тие пријавија
дека од правец на Пионерскиот Парк биле фрлани шишиња и камења.
„Студентскиот протест
завршува. Нашите редари ги соблекоа елеците. Апелираме до граѓаните безбедно да
се повлечат“, порачаа на социјалните мрежи.