
Полициска акција во „Идризово“, се вршат претреси
Припадници на полицијата утрово вршат претреси во Казнено поправната установа Идризово во Скопје.
Како што јавува 24инфо.мк, специјалци вршат претреси низ повеќе крила од затворот со цел да се пронајдат и одземат недозволени предмети.
Претресот се случува по добиени информации дека е можен судир помеѓу две криминални групи кои издржуваат затворски казни во затворот.
