
Полицијата во Охрид со детали за запалениот глисер!
Денеска околу 11:30 часот во Охридското Езеро, пред плажите меѓу Лагадин и Елешец, избувнал пожар во глисер закотвен на околу 30 метри од брегот.
Според првичните информации, во инцидентот нема повредени лица. На терен интервенираат екипи на Територијалната противпожарна единица – Охрид и Езерската полиција, кои работат на целосно гаснење на огнот и обезбедување на местото.
Настанот бил пријавен во СВР Охрид и Езерската полиција, а причините за пожарот ќе бидат утврдени со дополнителна истрага.