
Полицијата „влезе“ во МОК, Димевски изненаден од постапките на МВР (ФОТО)
Предводниците на Куќата на олимпизмот до полицијата ја доставиле бараната документација со записник, која вклучува комплетна видео снимка од изборното собрание, Статут, Деловник и Олимписка повелба, Мислења на спортско-арбитражниот суд и изјави од членовите на верификациската комисија. Во својата објава на социјалните мрежи, луѓето од МОК биле изненадени од оваа постапка на МВР.
„МОК е изненаден од постапката на одредени државни институции кои според законските одредби немаат надлежност да ја контролираат постапката за спроведување и одржување на изборното собрание, како и на донесените одлуки. Очигледно е дека некому му пречи резултатот и донесените одлуки од страна на делегатите и затоа не престанува црната кампања против раководството на МОК“, се вели во дел од реакцијата.
Димевски по реизборот даде по малку еуфорична изјава во која од членовите на Собранието побара помош заеднички да го сменат Законот за спорт за „сите идни директори да стојат мирно пред нас и ние и вие го правиме спортот, а не директорите“.

