
Полицијата влезе во домот на скопјанец – пронајдени имитатори за експлозија, пакување со налик на рачна бомба…
СВР Скопје поднесе кривична пријава против К.П. (59), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 05.07.2023, полициски службеници извршиле претрес во дом на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени имитатор за експлозија, запалки, синтетичко пакување со налик на рачна бомба, иницијални каписли за полнење на ловечка муниција, 349 парчиња муниција, тромблон и ловечки патрони, кои нелегално ги поседувал.

