
Полицијата трага по Љ.П., кој е во бегство во Грција
Според неофицијални информации на 4news.mk станува збор за познато лице кое е и претседател на политичка партија.
Неофицијалните извори велат дека се работи за нарачател на убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска.
Наводно, тој е еден од петтемина, осомничени за убиството, чие тело беше пронајдено денеска во околината на Скопје.
За убиството на Вања и на велешанецот Панче Жежовски (74) се товарат истите петмина, од кои тројца се во притвор, едно е во бегство во странство, а едно е во полициска станица.
Вања била убиена истиот ден кога е пријавено нејзиното исчезнување на 27. Ноември во понеделникот во 7.35 часот. Ја убиле околу 10.00 часот.