
Полицијата трага по две 14-годишни девојчиња од Синѓелиќ и Волково
На 01.02.2024 во 16.00 часот во Полициската станица Гази Баба, С.М.(48) од с.Сингелиќ, скопско, пријавил дека од домот се оддалечила неговата ќерка Р.М.(14), за која се сомнева дека е со машко лице. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 01.02.2024 во 21.15 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Т.(48) од с.Волково, скопско, пријавил дека од домот се оддалечила неговата ќерка Ј.Т.(14), која и претходно се оддалечувала и била враќана, а има и здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.