
Полицијата трага по 17-годишна девојка, нејзиниот брат вели можно е да се наоѓа кај момчето!
На 22.03.2024 во 23.30 часот во Полициската станица Гази Баба, А.А.(26) од нас.Гоце Делчев – Скопје пријавил дека од домот се оддалечила неговата малолетна сестра Ч.А(17).
Според пријавеното, можно е да се наоѓа кај нејзиното момче во нас. Илинден, кое тој не го познава.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.