
Полицијата трага по 13-годишно девојче, семејството се сомнева дека е кај момчето
На 19.12.2023 во 07.00 часот во Полициската станица Шуто Оризари, А.А.(49) од Скопје пријавил дека неговата малолетна ќерка А.С.(13) од Скопје се оддалечила од домот, која и претходно повеќе пати се оддалечувала кај своето момче С.Ј.(19) и била пронаоѓана и враќана.
Според пријавеното, родителите се противат на нивната врска, а против момчето веќе има поднесено пријава.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
