
Полицијата приведе девојче кое се потсмеваше на масакрот во белградското училиште и го величеше убиецот
Припадници на српското МВР на информативно интервју однесоа девојка која се снимаше себеси на ТикТок, како го исмева масакрот што се случи во едно белградско училиште и го величеше ученикот-убиец.
Таа на Тик Ток упати јавна поддршка до Коста, а потоа рече „тој ќе излезе од затвор, но тие од гроб никогаш“, што ја шокираше јавноста.
Бидејќи се работи за малолетник, против родителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Во невидена трагедија во ОУ „Владислав Рибникар“ загинаа осум деца и еден обезбедувач, а се ранети шест ученици и еден наставник. Убиецот е нивниот школски другар Коста К, а се уште не се знае точно која е точната причина за делото што го направил.