Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПОЛИЦИЈАТА ОДЗЕДЕ ДВЕ ВОЗИЛА ОД ДВАЈЦА ВОЗАЧИ ОД ОХРИД Предизвикаа сообраќајка иако имале забрана за возење
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА ОДЗЕДЕ ДВЕ ВОЗИЛА ОД ДВАЈЦА ВОЗАЧИ ОД ОХРИД Предизвикаа сообраќајка иако имале забрана за возење

05/02/2026

AA

Двајца возачи од Охрид се соочуваат со кривични пријави откако предизвикаа сообраќајна несреќа, иако имале изречени забрани за управување со возило, а едниот од нив возел и под дејство на алкохол, соопшти МВР.

Несреќата се случила на 4 февруари 2026 година околу 20:30 часот на улицата „АСНОМ“ во Охрид. Во судирот учествувале три патнички возила – „фолксваген амарок“, „ланчија“ и „мерцедес“, сите со охридски регистарски таблички.

„Фолксвагенот“ го управувал 24-годишниот В.В.М. од Охрид, „ланчијата“ 37-годишниот Ј.П., исто така од Охрид, додека „мерцедесот“ го возел П.Н. (35).

По извршените полициски проверки било утврдено дека В.В.М. возел под дејство на алкохол, при што алкотестот покажал 0,71 промили алкохол во крвта. Дополнително, тој имал дури три активни забрани за управување со моторно возило од „Б“ категорија. И кај Ј.П. било констатирано дека има една забрана за возење од истата категорија.

За случајот бил известен јавен обвинител, по чии насоки полицијата ги одзела возилата на В.В.М. и Ј.П. По целосно документирање на настанот, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави за „безобѕирно управување со возило“, по член 297-а од Кривичниот законик.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Се вршат претреси во објекти за марихуана поврзани со големата

05/02/2026
Македонија

Скопјанка го пријавила деверот во полиција, ја нападнал!

05/02/2026
Македонија

„Глетката беше страшна, затекнавме тело на столче со прстите на

05/02/2026
Македонија

АЛТЕРНАТИВИТЕ БЕЗ ЧАД НЕ ВЛИЈААТ ВРЗ КВАЛИТЕТОТ НА ВОЗДУХОТ ВО

05/02/2026
Македонија

Објавена петиција: Граѓаните бараат забрана на социјални мрежи за деца

05/02/2026
Македонија

Повлечено обвинението против Цветан Панделески во „Империја“

05/02/2026
Македонија

Пожарникарот Благој Паунов сведочеше како се одвивала спасувачката акција во

05/02/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА ОДЗЕДЕ ДВЕ ВОЗИЛА ОД ДВАЈЦА ВОЗАЧИ ОД ОХРИД Предизвикаа

05/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41064
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Се вршат претреси во објекти за марихуана поврзани со големата заплена во Србија

05/02/2026

Полицијата денеска повторно спроведува претреси на неколку локации поврзани со петте тони марихуана која беше запленета минатата недела во соседна

Скопјанка го пријавила деверот во полиција, ја нападнал!

05/02/2026

На 04.02.2026 во 11:30 часот во СВР Скопје, 41-годишна жена од скопско, пријави дека на 03.02.2026 околу 13:00 часот во

„Глетката беше страшна, затекнавме тело на столче со прстите на маса, друго потпрено на столб“,

05/02/2026

Судскиот процес за катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ продолжи со сведочењето на Драган Апостолов, командир на противпожарната единица во Кочани.

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy