Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Полицијата им одржи предавање на средношколците: Не возете без возачка дозвола
Македонија

Полицијата им одржи предавање на средношколците: Не возете без возачка дозвола

07/11/2023

AA

Неделава и во тетовските средни училишта започнаа планираните активности во рамките на превентивно-едукативниот проект „Не управувај моторно возило без положен возачки испит, почитувај ги правилата и прописите во сообраќајот и заштити се себеси и другите“. Стручно обучени полициски службеници на СВР Тетово веќе одржаа предавања во неколку училишта, а со кои беа опфатени ученици во втора година.

– Целта на проектот е подигнување на сообраќајната свест и култура на младите средношколци, кои неретко во Полог седнуваат зад волан и без претходно да посетуваат теоретска и практична настава и да го положат возачкиот испит. На овие предавања учениците беа непосредно информирани за ризиците и законските импликации доколку управуваат возила без претходно положен возачки испит и соодветна, валидна дозвола за тоа. Тие, исто така, беа запознати и со важечките правила и прописи во сообраќајот, а добија и повеќе практични совети и препораки за нивна поголема безбедност како учесници во сообраќајот, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Со овој проект ќе бидат опфатени 11 средни училишта со над 1500 ученици од втора година, а негов носител е Отсекот за превенција.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ФИЛИПЧЕ НЕМА ЛУКСУЗ ДА ГУБИ ВРЕМЕ СО ИЗБОРИ ВО ДРУГИ

13/04/2026
Македонија

НЀ ОЧЕКУВА ЖЕШКО ЛЕТО СО СУПЕРКЛЕТОЧНИ БУРИ Славчо Попоски прогнозира

13/04/2026
Македонија

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот,

12/04/2026
Македонија

ВЕТЕР СО НАД 60 KM/ЧАС И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Почетокот на

12/04/2026
Македонија

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026
Македонија

Обид за опожарување на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

12/04/2026
Македонија

ЈАНЕЗ ЈАНША ВО ЖЕСТОК ДУЕЛ СО МАКЕДОНКАТА СТОЈМЕНОВА ДУХ Кој

12/04/2026
Македонија

5 ВОЗАЧИ ДИВЕЕЛЕ НА ПАТИШТАТА Фатени за безобѕирно возење, без

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42418
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ФИЛИПЧЕ НЕМА ЛУКСУЗ ДА ГУБИ ВРЕМЕ СО ИЗБОРИ ВО ДРУГИ ДРЖАВИ Засукај ги ракавите и

13/04/2026

ВМРО-ДПМНЕ го повика лидерот на СДСМ Венко Филипче да се огради од криминалите на Зоран Заев, да ги засука ракавите

НЀ ОЧЕКУВА ЖЕШКО ЛЕТО СО СУПЕРКЛЕТОЧНИ БУРИ Славчо Попоски прогнозира тропски ноќи во Македонија

13/04/2026

Метеопрогнозерот Славчо Попоски очекува претстојното лето во Македонија да биде значително потопло од просекот, со чести топлотни бранови од Африка

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот, нема веќе криење за Груевски!

12/04/2026

Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, преку социјалните мрежи упати силна реакција по повод историскиот пораз на долгогодишниот унгарски премиер

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy