![ПОЛИЦИЈАТА ГО УАПСИ: По пукањето во Фицо, маж му се закани на Вучиќ дека тој ќе биде следен](https://novina.mk/wp-content/uploads/2024/05/20240516151634-850x550.png)
ПОЛИЦИЈАТА ГО УАПСИ: По пукањето во Фицо, маж му се закани на Вучиќ дека тој ќе биде следен
Откако 71 годишен човек пукаше во словачкиот премиер Роберт Фицо, човек му се заканил на српскиот претседател Александар Вучиќ дека тој ќе биде следен, поради што полицијата го уапси.
„Поради закана за загрозување на безбедноста на претседателот на Републиката, Д.М. од Сомбор е уапсен и од страна на полицијата му е одредена мерка притвор во траење од 48 часа“, се наведува во соопштението на Министерството за внатрешни работи.
Државните службеници остро ги осудија заканите упатени до Вучиќ на социјалните мрежи. Српскиот претседател и претходно добивал закани по живот.
foto EPA