
ПОЛИЦИЈАТА БЕСПОМОШНА: Возел на автопат со 388 км/ч, и си помина без казна
Белгиските медиуми открија неверојатен случај кој се случил на крајот на минатата година.
Кон крајот на минатата година на автопатот во Белгија се случи тежок инцидент. На место каде дозволената брзина е 120 км/ч, возачот „повлече“ 388 км/ч!Иако направил очигледен прекршок, возачот на крајот ќе помине без никаква казна.
Според белгиските медиуми, возачот ќе се извлече поради полицискиот радар кој е ограничен на брзина од 300 км/ч.Така податоците за брзината што ги бележи радарот би паднале во вода на суд.
Иако полицијата не прецизира за кој автомобил се работи, во јавноста протекоа информации дека се работи за Bugatti Chiron.
Во октомври 2021 година, сличен случај се случи кога возач возеше со брзина од 306 км/ч во Битсинген во близина на Лиеж. Дури и тој тогаш не беше кривично гонет затоа што камерата беше одобрена само до 300 km/h.