
Полицијата апсеше во Прилеп, Драчево, Тетово, Струга… меѓу нив и малолетници
На 15.02.2023 во 13.40 часот во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Ф.Ј.(21) и 17-годишник, двајцата од Прилеп, затоа што кај малолетникот била пронајдена и одземена марихуана. Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на Ф.Ј., при што биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага. Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 16.02.2023 во 00.05 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Ѓ.(18) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 15.02.2023 во 14.40 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.Л.(43) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 15.02.2023 во 21.20 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.М.(24) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 15.02.2023 во 18.00 часот на подрачјето на Драчево, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Г.(33) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 15.02.2023 во 21.30 часот кај месноста „Чука“ на регионалниот пат Кичево – Осломеј, полициски службеници од ОВР Кичево ја привеле Џ.А.(29) од Прилеп, со привремен престој во Кичево, затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Денеска (16.02.2023) околу 00.20 часот на улица „Браќа Миладинови“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода А.И.(27) од тетовски Челопек и Ш.К.(23) од тетовска Стримница, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и кокаин. Двајцата биле задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.
На 15.02.2023 околу 22.15 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Л.М.(25) и Е.К.(19), двајцата од Неготино, полошко, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. Тие биле задржани во Полициската станица Тетово и по документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 15.02.2023 околу 13.00 часот на улицата „Пролетерски бригади“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го привеле С.Ѓ.(37) од Охрид. При преглед во возило „опел астра“ со охридски регистарски ознаки, кое го управувал Х.Г.(39) од Охрид, а сопатник бил С.Ѓ., биле пронајдени предмети со остатоци од бела прашкаста материја, за кои С.Ѓ. изјавил дека се негови. Во врска со настанот, во полициска станица бил извршен службен разговор и со Х.Г.. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
