Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Полицаец од ПС Свети Николе агресивно се однесувал и се заканувал на командирот – поднесена кривична пријава
Македонија

Полицаец од ПС Свети Николе агресивно се однесувал и се заканувал на командирот – поднесена кривична пријава

28/03/2025

AA

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до надлежното Основно јавно обвинителство Свети Николе, поднесе кривична пријава против Г.Т. од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 став 4 од Кривичниот законик.

На 25.02.2025 во службена просторија во ОВР Свети Николе, пријавениот Г.Т., полициски службеник во Полициската станица Свети Николе, во присуство на други полициски службеници, агресивно се однесувал и се заканувал на К.М. – командир на Полициската станица Свети Николе. Имено, на наведениот датум, полициски службеници од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, преку командирот К.М., како негов претпоставен, преземале мерки во врска со претставка од граѓани против Г.Т. за непрофесионално и недолично постапување при изготвување на записници за констатирани прекршоци од областа на сообраќајот. Откако дошол во канцеларијата на командирот, пријавениот го обвинил него дека е иницијатор на претставката и почнал да му се заканува.  

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди  ќе поднесе Предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителна мерка пријавениот да биде суспендиран од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

УДРИЛ ВО ПИЈАН ПЕШАК И ПОБЕГНАЛ Повредениот имал 1,69 промили

25/01/2026
Македонија

ПИЈАНА КАВАДАРЧАНКА СО НОЖ ГО ПОВРЕДИЛА СОПРУГОТ Со 2,61 промили

25/01/2026
Македонија

ЈА СЛЕДЕЛЕ, ПА НАСИЛА ЈА ОДНЕЛЕ СО КОЛА Скопјанка киднапирана

25/01/2026
Македонија

Грабната 23 годишна девојка од Скопје

25/01/2026
Македонија

ЗОШТО МАКЕДОНСКИОТ ПАСОШ Е БОРДО? Симболика и значење на боите

25/01/2026
Македонија

ЗА ПОМАЛКУ ЖРТВИ НА ПАТОТ „Безбеден град“ работи автоматски и

25/01/2026
Македонија

Хоас на гробиштата во Ѓорче Петров: Се степаа за паркинг

25/01/2026
Македонија

„Безбеден град“ се шири во Куманово и Тетово: Денеска тест-блокади

25/01/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 40600
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

УДРИЛ ВО ПИЈАН ПЕШАК И ПОБЕГНАЛ Повредениот имал 1,69 промили алкохол, велат од Брзата помош

25/01/2026

Синоќа околу 23:50 часот на улицата Гоце Делчев во Охрид, патнички автомобил удрил во 49-годишниот Б.С., кој бил пешак. Возачот

ПИЈАНА КАВАДАРЧАНКА СО НОЖ ГО ПОВРЕДИЛА СОПРУГОТ Со 2,61 промили алкохол направила хаос во семејниот

25/01/2026

30-годишна жена од Кавадарци утрово била приведена откако, според пријавата, со остар предмет го повредила својот сопруг во семејниот дом.

ЈА СЛЕДЕЛЕ, ПА НАСИЛА ЈА ОДНЕЛЕ СО КОЛА Скопјанка киднапирана во Струга, кривична за четворица

25/01/2026

Вчера попладне во Струга се случи сериозен инцидент, откако четворица мажи од Скопје се обвинети за насилно однесување на 23-годишна

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy