Полицајци нападнати од кучиња во Скопје – сопственикот бил пријавен дека не ги чува безбедно!
На 14.03.2024 во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода, двајца полициски службеници, додека извршувале службени задачи, биле нападнати и каснати од неколку кучиња сопственост на М.Г.(54) од Скопје, за кој претходно било пријавено дека во дворот на небезбеден начин ги чувал кучињата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.