
ПОЛЕСНО ДО ГЕРМАНИЈА: оленет влезот на работниците од земјите надвор од Европската унија
Стапи на сила проширената регулатива, која овозможува двојно повеќе граѓани од земјите од Западен Балкан многу полесно да одат во Германија на неопределено време.
Новите правила беа воведени со цел да се намали бирократијата и да се скрати процедурата.
Во Германија стапија на сила новите правила во врска со визите за квалификувани работници од земји надвор од Европската унија, кои овозможуваат влез во таа земја и барање работа до една година, под услов да се исполнат одредени критериуми.
Друг елемент од правилото што стапува на сила во Германија е проширувањето на прописите за државјаните на земјите од Западен Балкан, соопшти Министерството за внатрешни работи на Германија, пренесува Танјуг.
Според ова правило, работниците од Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија, Албанија и Косово можат многу полесно да одат во Германија на неопределен период, до 50.000 од нив годишно, што е двојно повеќе од претходно. се наведува на веб-страницата на Министерството.
Новите правила, познати како „шанса карта“ за лов на работа, се однесуваат на оние со најмалку двегодишно стручно образование или високо образование признаено во земјата каде што е стекната квалификацијата. Потребно е и познавање на германски или англиски јазик.
Откако картичката ќе биде одобрена, апликантот може да влезе во Германија и да бара работа до една година, што значи дека повеќе не мора да поднесува договор со германска компанија пред да му биде дозволено да влезе во Германија за да работи.
Како што се наведува, новите правила се воведени со цел да се намали бирократијата и да се скрати процедурата, а се дел од сеопфатниот закон чија цел е да се реши недостигот од квалификувана работна сила во Германија.
Извор: Алџезеира