Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПОЛЕСНО ДО ДВОЈНО ДРЖАВЈАНСТВО ВО ГЕРМАНИЈА – овие четири новини се најважни
Економија

ПОЛЕСНО ДО ДВОЈНО ДРЖАВЈАНСТВО ВО ГЕРМАНИЈА – овие четири новини се најважни

29/08/2023

AA

Минатата недела германската влада претстави нацрт на нов Закон за државјанство кој драстично го олеснува стекнувањето двојно државјанство и доделувањето државјанство на лица кои не се членки на ЕУ.

Како што истакна Ненси Фесер, министерката за внатрешни работи на Германија, измените на законот имаат за цел да ги поттикнат добро квалификуваните работници да дојдат во Германија и со тоа да го решат големиот проблем со недостигот на работна сила на нивниот пазар на труд.

– Ќе можеме да ги привлечеме најквалификуваните луѓе во светот само ако во догледно време целосно станат дел од нашето општество со сите демократски права – нагласи Фезер.

Тоа е реформа иницирана од централно-левичарската коалиција на социјалдемократите, зелените и либералите, која е на власт од есента 2021 година.

Меѓу сите измени во новиот Закон, најважни се 4 одредби:

На имигрантите кои живеат во Германија ќе им биде дозволено да аплицираат за државјанство по 5 години престој (наместо 8), а постои начин да го добијат за 3 години (доколку поединецот има посебни достигнувања),

деца родени во Германија од родители кои легално живееле во земјата 5 или повеќе години автоматски добиваат државјанство,

имигрантите постари од 67 години ќе полагаат устен германски тест,

се отвора можноста за поседување повеќекратни државјанства паралелно со германското.

Исто така, оние кои живеат исклучиво од државна помош во Германија нема да имаат право на државјанство, а тоа ќе им биде ускратено на лицата кои извршиле криминални дела „непомирливи со придржување кон основите на слободниот демократски поредок“, на пр. антисемитски, расистички, ксенофобични и други.

Новиот закон ќе се расправа во парламентот и би можел да стапи на сила оваа есен.

Повеќе од едно државјанство

Според германското Министерство за внатрешни работи, околу 14 отсто од населението немаат германски пасош. Тоа е нешто повеќе од 12 милиони луѓе. Пет милиони од нив живеат во Германија најмалку десет години. Во 2022 година, 168.545 луѓе поднеле барање за германско државјанство, што е под просекот на Европската унија.

Досега, двојното државјанство во Германија беше можно само за државјаните на Европската унија и Швајцарија, како и за оние чија земја на потекло не им дозволува да се откажат од државјанството (на пр. Иран, Авганистан, Мароко).

Покрај германскиот пасош, стариот пасош би можеле да го задржат и децата на родителите кои имаат двојно државјанство, бегалците на кои им се заканува прогон во татковината и Израелците. Сиријците кои дојдоа во Германија како бегалци и се смета дека добро се интегрирале, исто така, брзо можат да добијат германско државјанство.

Реформите ќе ја стават Германија во ист ред како и другите европски земји. Во Европската унија, Шведска имаше највисока стапка на доделување државјанство на странци, а во 2020 година, 8,6 отсто од сите странци кои живеат таму добија шведско државјанство. Во Германија стапката беше 1,1 отсто.

Во Германија моментално живеат околу 2,9 милиони луѓе со повеќе од едно државјанство

Опозициската Христијанско-демократска унија (ЦДУ), централно-десничарска партија која во минатото постојано ги блокираше сите реформи во оваа област, се противи на најавените промени.

– Германското државјанство е нешто многу вредно и треба да се третира многу внимателно – изјави лидерот на демохристијанската партија Фридрих Мерц за јавниот сервис АРД.

Екстремно десничарската антиимиграциска партија Алтернатива за Германија (AfD) силно се противи на планираните промени. Во расправата за државјанството што се одржа во Бундестагот, пратеник на таа партија рече дека „две третини од Германците не сакаат да се поедностави процедурата за доделување државјанство“ и дека има „распродажба на државјанството“ што, според него, го крие недостатокот на интеграција.

Извор: Дојче Веле, Блиц бизнис

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy