
Полјаците можат да се подготвуваат за дома, Словенците одат во следната фаза
Словенците си обезбедија пласман во следната фаза откако триумфираа со 32-25. Полска сега мора да се надева на сензација на дуелот меѓу Норвешка и Фарски Острови за да остане со теоретски шанси за учество во главната рунда од шампионатот, што не е многу реално.
Гашпер Маргуч со шест гола ја предводеше словенечката репрезентација, а Бомбач и Кодрин додадоа по пет. Кај Полска, која секако е едно од најголемите разочарувања на Европското првенство, Пјетрашик беше прв стрелец со пет гола.
Многу блиску до пласман во следната фаза се и селекциите на Чешка и Холандија кои денеска ги остварија вторите победи на првенството.
РЕЗУЛТАТИ
БиХ – Холандија 20-36
Чешка – Португалија 27-30
Полска – Словенија 25-32