
ПОЛЈАЦИТЕ ЌЕ ИМААТ ПОМАЛКУ РАБОТНИ ЧАСОВИ: Ова го вети Доналд Туск
Полските работници ќе имаат помал број работни часови. Полската влада вети дека ќе го намали бројот на работни часови.
Полската влада на премиерот Доналд Туск потврди дека пред крајот на неговиот мандат во 2027 година ќе го измени Законот за работни односи со цел да го намали работното време во земјата, а засега на маса се две опции – воведување на четиридневна работна недела или седумчасовен работен ден, пренесува Ројтерс.
Четиридневната работна недела има многу поддржувачи и, според истражувањето на платформата ClickMeeting, ја поддржуваат 70 отсто од работодавците.
„Истражувањата покажуваат дека колку подолго работиме, толку повеќе сме под стрес и уморни. Уште еден час поминат на работа не мора да значи уште еден час на ефикасност“, рече полската министерка за семејство, труд и социјална политика Агњешка Џиeмијанович-Бок.
Таа е една од главните поддржувачи на оваа промена.
Во повеќе земји во светот, се правени експерименти со пократка работна недела со цел да се види ефективноста на работниците.
