
Покрај Васев, уапсени и двајца вработени – директорката вели ни секретарката не се појавила на работа!
Поранешниот директор на Клиника за онкологија и радиотерапија и двајца вработени, од кои една медицинска сестра се приведени денеска во врска со скандалот на Онкологија.
Директорката на Клиниката Виолета Клисарова и организациски директор, Халид Матоши во изјава за медиумите нагласија дека надлежните не разговарале со нив, туку само им посочиле дека имале налог за тоа кој треба да биде приведен.
„Од тука тројца се земени. Поранешниот директор и двајца вработени. Секретарката не се појави на работа денеска, може е земена од некаде, исклучен и е телефонот“, изјави Матоши на прашањето за колку лица имало налози.
