
Покетино ги подгреа надежите дека Челси може да го купи Осимен во јануари!
Откако излегоа гласините за Осимен во Челси, Покетино беше прашан за можноста нов напаѓач да дојде во јануари во клубот, тој не отфрли такво нешто.
„Тоа е нешто што ќе го анализираме, сопствениците, спортскиот директор и се разбира стручниот штаб. Доколку одлучиме да тргнеме по некои играчи кои ќе можат да го подобрат тимот и да додадеме на квалитет кој можеби го немаме, мислам дека сме навистина отворени за тоа“, вели Покетино.
