Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПОКАЖАА КАКО ПРИНУДУВААТ ВРАБОТЕН ДА ДАДЕ ОТКАЗ: Гигантите имаа „специјални техники“
Економија

ПОКАЖАА КАКО ПРИНУДУВААТ ВРАБОТЕН ДА ДАДЕ ОТКАЗ: Гигантите имаа „специјални техники“

28/02/2024

AA

Компаниите како Google, Meta и Salesforce отпуштија
илјадници работници, додека други се обидуваат да го направат тоа „зад сцената“
за да привлечат што е можно помалку внимание. Ваквите случаи стануваат се
почести, но се вели дека е тешко да се следат.

Технолошката компанија Dell им нареди на вработените да се
враќаат во канцеларија три дена во неделата без разлика каде живеат.
Работниците кои ќе изберат да работат целосно од дома ќе се соочат со ограничен
напредок во кариерата, изјави анонимен извор за The Register.

По отпуштањето на 10.000 вработени на крајот на 2022 година,
Мета воведе строга ревизија на учинокот,
како и две годишни ревизии со менаџери кои имаат за
цел во иста категорија да
стават што повеќе вработени со
помал учинок, по што добиваа
помали бонуси.

Во ноември, Амазон одлучи дека вработените може да не добијатунапредување
доколку не се придржуваат до канцелариското
работење три дена во неделата.

Овие тактики се попознати како „тивки отпуштања“ или „тивки кратења“ и служат единствено за да
ја направат работата помалку привлечна, па наместо работодавците да отпуштаат работници, работниците сами си даваат откази.

„Совршени“ начини за тоа се полоши услови, откажување на
бенефиции, ограничување на напредувањето во кариерата, како и строги правила за
работа од дома.

Бен Харди, професор по организациско однесување на
Лондонската бизнис школа (LSE), изјави за Business Insider дека иако „тивките отпуштања“ може да изгледаат како нов феномен на
работното место, компаниите секогаш користеле такви тактики за да се ослободат
од луѓето.

Харди рече дека пред 20 години, некои големи, добро познати
компании воделе „разговори за паркинг“ со вработените со цел да им ги предочат опциите за време на периодот на
намалување на работната сила.

– Што би се случило ако вашиот прв претпоставен рече:
„Можеме ли малку да разговараме на паркингот?“ Во суштина, разговорот беше:
„Или можеш да го земеш отпремниниот пакет и тивко да си заминеш или да направиме ревизија на твојот учинок
што може да биде мизерно и мрачно. Што преферираш?’ – рече професорот.

Многу компании ја продаваат реториката „ние сме семејство“
на вработените, а јавните отпуштања ја намалуваат таа перцепција, рече Харди. Затоа, тивкото отпуштање е начин да
се одржи контролата врз јавниот имиџ на компанијата.

ФОТО: Unsplash

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy