Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Поголемиот буџет донесе рекордни исплати за политичките партии
Економија

Поголемиот буџет донесе рекордни исплати за политичките партии

01/06/2023

AA

Министерството за правда пред десетина дена им ги исплати предвидените средства за 2023 од буџетот на политичките партии. Со зголемувањето на проектираниот национален буџет, според процентот на одвојување, поголема е и сумата на пари која им била префрлена на партиите.

Според она што го покажува платформата „Отворени финансии“, на сметките на политичките партии легнала сума од 376,9 милиони денари, или преку 6 милиони евра за оваа година, што е досегашен апсолутен рекорд.

Најголемата сума од 1,6 милиони евра легнала на сметката на ВМРО-ДПМНЕ, или поточно 91.742.192 денари. На второто место е СДСМ со 81.407.195 денари, или 1,33 милиони евра. 

Трети по традиција се ДУИ со 41.688.382 денари (683.000 евра), понатаму следува Алијанса со 17.168.094 (281.000 евра), а овој пат Левица се искачи на петтата позиција со добиени 14.533.683 (238.000 евра).

За споредба, лани ВМРО-ДПМНЕ доби 1,2 милиони евра вкупно за една година. СДСМ во 2022 „ќе заработи“ 1,15 милиони евра. ДУИ беше трета со околу 550.000 евра. Може да се заклучи дека минатата година сумите биле помали и парите се исплаќаа на „три рати“ низ текот на годината. 

Пари им се исплатени дополнително и на партиите што имаат аналитички центри, а треба да се спомене дека партиите пред избори преку Државната изборна комисија добиваат дополнителни пари од буџетот за изборната кампања, односно за рекламирањето во медиумите.

Според постоечките законски регулативи 30 отсто од предвидените пари се за партиите кои на последните локални или парламентарни избори освоиле најмалку 1 отсто од излезените гласачи и се делат подеднакво, а 70 отсто се за партиите кои на последните парламентарни или локални избори освиле пратенички, градоначалнички или советнички мандат.

А:К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy