
Поевтинуваат горивата од полноќ – ова се новите цени!
Регулаторната комисија за енергетика ја објави новата цена на горивата, соопштувајќи дека сите видови горива бележат поевтинување.
Според одлуката, ЕУРОСУПЕР 95 и ЕУРОСУПЕР 98 се намалуваат за по 0,5 денари, па од утре ќе се продаваат по 74, односно 76 денари за литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ бележи намалување од 1 денар, па литар од утре ќе чини 67,5 денари.
Екстралесното масло за домаќинство ќе се продава по цена од 67 денари, односно за 1 денар поевтино, додека мазутот поевтинува за 1,1 денар и од утре ќе чини 38,6 денари по килограм.