Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПОДЗЕМНАТА ИНФРАСТРУКТУРА ЌЕ СЕ ВПИШЕ ВО КАТАСТАР Ќе се регулира и статусот на базните станици
Македонија

ПОДЗЕМНАТА ИНФРАСТРУКТУРА ЌЕ СЕ ВПИШЕ ВО КАТАСТАР Ќе се регулира и статусот на базните станици

17/02/2026

AA

На предлог на Министерството за транспорт, Владата ги усвои измените на Законот за градење и Законот за градежно земјиште, со кои се поттикнува економскиот развој на државата и на општините, се овозможуваат подобри и поквалитетни услуги за граѓаните и се овозможува рационално користење на јавните добра.

Со измените на Законот за градежно земјиште конечно се воспоставува ред во линиската подземна инфраструктура (оптички кабли, телекомуникациска мрежа, водоводни и канализациони системи, гасоводни мрежи, нафтоводи, итн.) и за прв пат ќе се овозможи нивно впишување во евиденцијата во Катастарот на инфраструктурни градби во Агенцијата на катастарот за недвижности. Целта е да се има јасен увид во целокупната линиска инфраструктура во државата заради соодветно и рационално планирање на нови градби од овој тип.

Со измените се овозможува општините да можат да располагаат со градежното земјиште предвидено со урбанистички план за Технолошки индустриски зони со цел да имаат економски развој и можност за домашните компании полесно да ги реализираат своите инвестициски планови. Дополнително со измените се врши усогласување на Законот за градежно земјиште со Законот за урбанистичко планирање.

Во однос на Законот за градење, со измените се предвидува подобрување на условите за регулирање на имотно правниот статус на базните станици на телекомуникациските компании, а преку тоа и поквалитетни и поефикасни телекомуникациски услуги за граѓаните.

Дополнително со измените во Законот за градење се подигнува нивото на квалитет на технички преглед на градбите од прва категорија, преку зголемување на критеруимите за формирање Комисија за технички преглед и професионален пристап за спроведување на техничките прегледи на градбите од прва категорија.

 

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy