Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Поднесено обвинение против таткото на Хусеини од Вреди кој лани сексуално вознемируваше дете!
Македонија

Поднесено обвинение против таткото на Хусеини од Вреди кој лани сексуално вознемируваше дете!

06/05/2025

AA

Основното јавно обвинителство поднесе обвинение против 59 годишен маж кој е обвинет за полов напад врз малолетно лице.

Според информациите, тој минатата година на 24 август во парк на територија на општина Чаир, почнал да допира малолетно 15-годишно дете, по што детето му ја фатило раката и му се заканило дека ќе повика полиција.

По овој настан, обвинетиот се обидел да избега и се сокрил во влез од зграда, по што детето ја затворило вратата од влезот и повикало полиција која го привела мажот.

Против обвинетиот во сила се и мерки на претпазливост кои му ги одредил судот, а кои вклучуваат забрана за напуштање на живеалиште, одземање на пасошот, обврска за јавување кај надлежен државен орган и забрана за каков било контакт со оштетената страна.

Лани, кога се случи настанот, се прошири информацијата дека се работи за таткото на портпаролот на коалицијата Вреди, Фари Хусеини, кој пак ги потврди наводите и привремено се повлече од функцијата.

„Ако овие наводи се покажат точни, тоа ќе биде страшен удар, не само за мене, туку и за целото мое семејство. Само помислата дека се соочувам со ова ми ја крши душата. Како луѓе, ние сме одговорни само за нашите сопствени постапки и вредностите за кои се залагаме, но тоа не ја менува мојата решеност да дејствувам. Затоа, за да не создадам некакво недоразбирање или погрешен впечаток, решив привремено да ги замрзнам моите политички активности. Не сакам од функцијата што ја имам да изгледам дека можам на кој било начин да влијаам врз институциите кои го истражуваат ова чувствително прашање. Цел мој живот сум активист за човекови права, борејќи против неправдата и насилството. Не можам да бидам индиферентен, без разлика од каде потекнува. Исто така, во овие тешки моменти, понизно барам да се почитува приватноста на моето семејство. Ни треба простор за да се соочиме мирно со оваа ситуација, далеку од очите на јавноста“, напиша Хисени тогаш.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Трајко Симоновски: Тоше беше Македонија што ја носевме со нас

08/09/2026
Македонија

Котевска за 35 години независност: Треба да го вратиме духот

08/09/2026
Македонија

Авторот на македонското знаме Грчев: Ова знаме има своја визуелна

08/09/2026
Македонија

Хералдичарот Јоновски: Апсолутно немаме хералдички грб, во 1991 година поради

08/09/2026
Македонија

Георгиевски: Само три-четири дена имавме за подготовка на историската прослава

08/09/2026
Македонија

Како се приватизираше македонската економија? Трпески посочи каде бил проблемот

08/09/2026
Македонија

„Киро Глигоров го имаше 001, јас го имав 101“ –

08/09/2026
Македонија

Ноќта кога Македонија стана независна: „Не знаевме колку е големо,

08/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45574
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трајко Симоновски: Тоше беше Македонија што ја носевме со нас низ целиот свет

08/09/2026

„Нека живее и здрава Македонија“ – со оваа порака музичарот Трајко Симоновски од бендот на Тоше Проески го честиташе Денот

Котевска за 35 години независност: Треба да го вратиме духот на заедницата

08/09/2026

Режисерката Тамара Котевска смета дека една од најважните работи за иднината на Македонија е повторно да се изгради чувството на

Авторот на македонското знаме Грчев: Ова знаме има своја визуелна енергија, но треба графички да

08/09/2026

Кога Мирослав Грчев во 1995 година започнал да работи на новото македонско знаме, пред него стоела задача што не била

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy