Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Поднесени четири амандмани за измените на Законот за минерални суровини за коридорите 8 и 10д
Македонија

Поднесени четири амандмани за измените на Законот за минерални суровини за коридорите 8 и 10д

12/04/2023

AA

Членовите на собраниската Комисија за економски прашања почнаa со расправа по измените и дополнувањата на Законот за минерални суровини, иако дневниот ред на седницата се уште не е изгласан. По неколку процедурални забелешки, претседателот на Комисијата Диме Велковски ја прекина седницата и најави нејзино продолжување следната недела. Тој информираше дека за измените на Законот се поднесени четири амандмани – два од ВМРО – ДПМНЕ и два од Љупчо Балковски од ВМРО-НП, кој е дел од владејачкото мнозинство.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, во процедурални забелешки, побараа до нив да биде доставен Договорот за изградба на Коридорите 8 и 10д со „Бехтел и Енка“, за да можат да видат дали измените на предложените закони се во согласност со него, изнесувајќи при тоа сомнежи за криминал и корупција.


Пратеникот Тони Јаревски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека на седницата треба да дојде „нарачателот на овие закони“ Артан Груби и да ги образложи.

Тој се впушти во расправа за измените на Законот за минерални суровини, посочувајќи дека со една од одредбите се овозможува изведувачот да може да копа каде и колку што сака. Јаревски оцени дека се избегнува добивање дозвола од надлежни институции, посочувајќи дека на овој дел ВМРО- ДПМНЕ има поднесено амандман. Вториот нивен амандман се однесува на одредбата уште шест месеци по завршувањето на работите на коридорот да може тие што добиле одобрание да ископуваат суровини.


Во однос на овие одредби во измените на Законот за минерални суровини се однесуваат и амадманите поднесени од пратеникот Љупчо Балковски од ВМРО – НП.

На седницата координаторот на пратеничката група на ДУИ, Арбер Адеми побара да не се злоупотребува процедурална забелешка од страна на пратениците од ВМРО ДПМНЕ за водење расправа по Предлог измените. Според него, опозициската ВМРО ДПМНЕ е деструктивна и ги блокира сите комисии бидејќи не сака да се изградат коридорите.


Тој потсети дека изградбата на Коридорот 8 било ветување и на оваа партија кога била на власт. Досега, рече тој, овој Коридор требаше да биде изграден. За изнесените сомнежи за криминал, Адеми побара од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да ги докажат нивните наводи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МАЃАР НАЈАВИ ДЕКА ЌЕ ГИ ЗАЧУВА ДОБРИТЕ ОДНОСИ СО МАКЕДОНИЈА

13/04/2026
Македонија

УНГАРИЈА НЕМА ДА БИДЕ ДЕПОНИЈА ЗА СТРАНСКИ КРИМИНАЛЦИ Маѓар вели

13/04/2026
Македонија

Внимавајте на брзината: Стартува европската акциска контрола на патиштата

13/04/2026
Македонија

Муцунски му честиташе на Маѓар, очекува дека ќе продолжи соработката

13/04/2026
Македонија

Израелската амбасадорка со пофалби за брзата реакција на македонските власти

13/04/2026
Македонија

🎥 СИЉАНОВСКА ДАВКОВА ПРЕДУПРЕДУВА ДА НЕ СЕ НАЈДЕМЕ ИЗГУБЕНИ ВО

13/04/2026
Македонија

СДСМ: Време е за правда – Груевски на издржување казна!

13/04/2026
Македонија

АМБАСАДОРКАТА НА ИЗРАЕЛ ГИ ПОЗДРАВИ НАПОРИТЕ ЗА ОТКРИВАЊЕ НА СТОРИТЕЛИТЕ

13/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42439
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МАЃАР НАЈАВИ ДЕКА ЌЕ ГИ ЗАЧУВА ДОБРИТЕ ОДНОСИ СО МАКЕДОНИЈА Нема да се меша во

13/04/2026

Победникот на изборите во Унгарија Петар Маѓар денеска изјави дека како премиер планира да има добри односи со Македонија и

УНГАРИЈА НЕМА ДА БИДЕ ДЕПОНИЈА ЗА СТРАНСКИ КРИМИНАЛЦИ Маѓар вели дека тоа важи и за

13/04/2026

Одговарајќи на новинарски прашања, победникот на изборите кој се очекува да биде нов премиер на Унгарија, Петер Маѓар, во врска

Внимавајте на брзината: Стартува европската акциска контрола на патиштата

13/04/2026

Македонската сообраќајна полиција како членка на Европската мрежа на сообраќајни полиции – ROADPOL се приклучува на акциската контрола со зголемени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy